сабота, 27 јули 2024

Франција и САД во судир што ќе се случи со замрзнатиот руски имот

Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер јавно го оспори тврдењето на американската колешка Џенет јелен дека меѓународните закони нудат основа за замрзнатиот руски имот, инсистирајќи на поддршка од групата Г20 во која членуваат и Русија и Кина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американската министерка Јелен кажа во вторникот пред состанокот на министрите за финансии и гувернери на членките на Г20 дека целосно „го поддржува важниот прв чекор“ на Европската Унија и насочувањето на приходите од замрзнатиот имот во обновата на Украина, но дека не треба да се сопре на тоа.

„Иако треба да ги правиме потезите заедно и промислено, сметам дека со посилни меѓународно правни, економски и морално аргументи може да се каже дека не треба да се сопре на тоа“, изјави Јелен.

Според неа, тие аргументи се во прилог на монетизацијата на рускиот имот, или со заплена или како залог за задолжување, истакнувајќи дека тој потег го оправдува со „теоријата за контрамерки“.

На прашањето на новинарите што мисли за таа теорија, францускиот министер кажа дека не се сложува со американската колешка.

„Сметаме дека таа правна основа не е доволна. Потребен е широк меѓународен консензус“, кажа Ле Мер.

„Таа правна основа треба да ја прифатат, покрај европските земји и земјите од Г7, туку и сите држави членки од светската заедница. Притоа мислам на сите членки на Г20. Не треба да сееме нови поделби меѓу членките на Г20“, истакна францускиот министер.

Членки на Г20 се и Бразил, Русија и Кина, потсетува Ројтерс.

Функционерите на потесната група Г7, која ги опфаќа индустриски најразвиените западни економии, веќе една година се обидуваат да договорат план за 300 милијарди долари вредниот запленет руски имот. Лидерите на Г7 побараа можни решенија до крајот на јуни.

Некои европски лидери предупредија дека запленувањето на рускиот имот му штети на статусот на светските резервни валути доларот, еврото и јенот, истакнува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ