вторник, 2 јули 2024
РФМ успешен организатор на големиот турнир

Франција е шампион на Светското младинско првенство за жени кое се одржа во Скопје

Ракометарките на Франција со 29-26 ја совладаа Унгарија во финалето од Светското првенство за ракометарки до 20 години кое се одржуваше во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Французинките стигнаа до своето прво злато во младинските женски мундијали совладувајќи ја Унгарија.

Третото место го освои Холандија која беше подобра од Данска со 34-28.

Македонската репрезентација турнирот го заврши на 16. позиција.

По крајот на турнирот, Претседателот на Светската ракометна федерација (ИХФ) имаше пофалби за Ракометната федерација на Македонија (РФМ) која го организираше шампионатот.

„Одлично поставените организациско-инфраструктурни капацитети, пријателскиот прием на ракометарките, тренерите и официјалните лица, како и верните ракометни навивачи, се пример за страстна ракометна нација, но и за способност да се испорача спортско доживување од светски калибар. Другарството и спортскиот дух, се најверодостоен доказ за инклузивниот дух на спортот што нé обединува сите нас“, истакна д-р Мустафа, потенцирајќи благодарност во свое лично и во име на ИХФ, до домаќините на уште едно успешно реализирано светско првенство, кое од 2022 година прерасна во референца за идните земји-организатори.

Ракометната Федерација на Македонија за целите на организација на овој настан вклучи бројни човечки ресурси: 110 волонтери, 32 водичи на селекциите, 27 скаути, 7 одговорни лица на сали, 10 професоналци од РФМ, 10 офицери за допинг-контрола, 18 медиумски работници, технички лица за спроведување на натпреварите, лица задолжени за забавниот дел, како и лица задолжени во делот на техничка поддршка и опрема.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, упати посебна благодарност до Светската ракометна федерација, за полната доверба која оваа институција ја довери на Федерацијата за менаџирање на спортски настани од највисок организациски ранг.
„Би сакал да се заблагодарам на сите кои беа вклучени во овој проект: вредните волонтери, бројните спортски работници, тимот во Федерацијата, партнерите од доверба, медиумите, нашите поддржувачи – сите кои веруваа дека можеме да се износиме со уште еден ваков голем проект. Се надевам дека оваа заемна доверба, соработка и силното спортско партнерство, ќе продолжат да се надградуваат и во иднина”, истакна Мукаетов.

24то Светско јуниорско првенство во женска конкуренција беше 10-ти јубилеен настан од висок ранг во организација на ова раководство на РФМ, со организирани 6 европски и 4 светски првенства, од кои 9 во младинска и 1 во сениорска конкуренција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ