„Повторуваме дека принципот еден член-еден глас е нестатутарен, односно го гази статутот на партијата со две нозе. И за иронија на целава оваа ситуација каде што секојдневно се труби за демократијата и демократските вредности, во реалноста гледаме дека претседателите на ограноците априори ги одредува претседателот Али Ахмети со декрет“, велат фракционерите и додаваат дека „Централната изборна комисија на ДУИ нема кворум, бидејќи од 7 членови, 4 не учествуваат во нејзината работа“.
Уште повеќе кога од овој процес е игнориран Блерим Беџети, кој е организациски секретар на партијата, додаваат од фракцијата нагласувајќи дека функциите на нивни членови се важечки.
Според нив, ваквиот пристап кон внатрешните избори во партијата, но и вчерашното соопштение од ДУИ, може да има епилог како во кумановскиот огранок со „убиен, ранет и затворен“.
Инаку, Ганиу и Меџити пријавија во полиција упатени закани кон нив од Муарем Асани, заменик директор во Царинската управа.