понеделник, 21 октомври 2024

Фотографиите и друг материјал на агенцијата МИА ќе се дигитализираат и чуваат во Државниот архив

Објавено на

часот

Сподели

„Значајно е што соработката се однесува во полето на науката, на образованието и културата, кои се многу значајни за целиот информативен систем во нашата земја. Ова е добро, затоа што станува збор за афирмација на нашата историја и нашето минато преку МИА, која се надевам ќе ги шири фактите и работите што се случиле во минатото и се значајни за денешницата и за иднината. Посакувам да имаме плодна соработка“, изјави Крстески.

Тој напомена оти очекува да се користат и стари фотографии кои би требало да бидат презентирани пред јавноста, како и многу други содржини кои преку МИА ќе допрат до пошироката јавност.

Директорот на МИА Антоновски оцени дека потпишувањето на меморандумот е вистински пример за меѓуинституционална соработка.

„Благодарам за она што претстои, за она што ќе го работиме заеднички. Ова е вистински пример за меѓуинституционална соработка меѓу МИА, која известува за случувањата во земјава, регионот и светот и Државниот архив кој знае како да се зачуваат материјалите за идните генерации. Тоа е нашето богатство. Целта е да ги издигитализираме старите фогографии на МИА, за да можат да останат како белег, печат, на она што се случува последните 20 години во земјава, за да може да го користат научната јавност и граѓаните, но секако и да остане како архив за идните поколенија, рече Антоновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ