понеделник, 15 април 2024

Фотографии на МИА од 1999 – 2000 година дигитализирани во Архив на Македонија

Медиумската информативна агенција (МИА) во соработка со Државниот архив на Македонија дигитализира над 12 илјади фотографии од негативи создадени во периодот 1999-2000 година.

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на МИА Драган Антоновски ја истакна важноста на дигитализацијата на фотографиитете за кои рече дека филмовите конечно се згрижени и дека токму Државниот архив е местото каде што тие ќе бидат најбезбедни.

 

„Успеавме да го заокружиме овој прв дел од нашата соработка заради тоа што континуитетот на се она што треба да биде архив и на МИА и воопшто на државата, филмовите се згрижени конечно. Институционалната вредност и на Архивот и на државата и на МИА, тежината на она се’ што го имаме да остане на следните генерации е од особена важност да се зачува и мислам дека државниот Архив е вистинското место каде што тоа ќе биде безбедно, сигурно и каде што ќе може идните генерации да го користат“, истакна Антоновски.

Директорот на Архивот Христа Најденов појасни дека дел од копијата од дигитализираните фотографи ќе останат на чување во државниот Архив со можност за понатамошно истражување и користење на истите.

 

„Се надевам и на понатамошна заедничка соработка и на што повеќе вакви материјали коишто се и од историска важност за државата и за вашата институција“, порача Најденов.

Меморандумот за соработка, кој се однесува во полето на науката, образованието и културата, а предвидува дигитализација на фотографии и други материјали од архивата на МИА се реализираше во период од 10 месеци во кој беа дигитализирани 12.665 снимки од негативи во ЈПГ формат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ