Формула 1 има нов лидер по речиси три години, Макс Верстапен конечно е симнат од врвот откако Ландо Норси утрово победи на ГН на Австралија на отворањето на новата сезона.
Дождот во Мелбурн донесе хаотичната трка која имаше одложен старт откако на формацискиот круг, во ѕидот се заби дебитантот Исак Хаџар
Дождот направи и нова драма на 15тина круга пред крајот, повторно почна да врне кога сите веќе планираа да ја завршат трката со гуми за суво, Ландо Норис и Оскар Пиастри како водечки излетаа во ист свиок, и додека Британецот успеа да се исконтролира и да влезе во бокс, домашниот возач заглави во третата повеќе од една минута и кога се врати, се најде на крајот од колоната.
Where it all went wrong for home-hero @OscarPiastri 😱#F1 #AusGP pic.twitter.com/SDC1vkbyPU
— Formula 1 (@F1) March 16, 2025
Во тие моменти, Макс Вертапен го презеде првото место, но остана еден круг повеќе на патеката, па кога и тој влезе во бокс, се најде зад Ландо Норис.
Се чини дека најлошо реагираа во Ферари, кои дури два круга ги оставија Луис Хамилтион и Шарл Леклер на патеката, и освен тоа што Британецот за кратко беше во водство, не добија ништо, особено откако безбедносното возило излезе повторно на патеката поради судар на младиот Лијам Лоусон.
Во завршните кругови, Макс Верстапен вршеше притисок, но Ландо Норис покажа врвно возење и мина прв низ целта, пред актуелниот шампион, додека пак последното место на пиедесталот му припадна на Џорџ Расел.
Во бодовои уште завршија Албон, Антонели, Строл, Хулкеберг, Леклер, Пиастри и Хамилтон.