петок, 18 октомври 2024
Новите телефони на преклоп Самсунг

Формата и функционалноста предводена од Галакси ВИ споени во извонредните Галакси З фолд 6 и Галакси З флип 6

Секој пат кога Самсунг ги лансира своите нови телефони на преклоп, неизвесноста е „на најјако“ поради очекувањата за тоа што овој пат ќе биде ново кај овие несекојдневни телефони, колку шарката за преклоп е идеално и неприметно вклопена во уредите, што сé од ВИ функции се на располагање на големиот екран на Galaxy Z Fold6 и колку е подобар гејминот на него, како и до каде оди креативноста со Galaxy Z Flip6.

Објавено на

часот

Сподели

Токму така, Galaxy Z Fold6 и понатаму е најдобриот телефон на Samsung кој инспирира зголемена продуктивност, чиј голем екран од 7,6 инчи кога ќе го отворите, ви овозможува да ја носите работата со себе и да одговорите на професионалните обврски каде и да сте. Едноставно, како во џеб да го имате вашиот лаптоп. Кога на ова ќе ги додате напредните функции со вештачка интелигенција, навистина добивате уред кој не само професионалниот живот, туку и секојдневието воопшто во огромна мера го олеснува.

Да ја земеме на пример, веќе познатата ВИ функција пребарување со заокружување (Circle to Search): Со едноставна фотографија на она што ве интересира и заокружување на конкретниот предмет на неа, за еден миг добивате генерирани резултати на големиот екран, кои ве носат до одговорот. Понатаму, како дел од апликацијата Samsung Notes, новиот Galaxy Z Fold6 нуди помош во форма на опцијата Note Assist, која може да генерира преводи, резимеа и автоматско форматирање, додека сосема новата функција Sketch to Image ќе ви овозможи да создавате вистински уметнички дела.

Со мноштво зајакнати и подобрени ВИ функции за комуникација, како преведеување во реално време, hands-free интерпретатор и алатки за пишана комуникација кои предлагаат содржини, овој телефон на преклоп со полно право се нарекува совршен работен асистент, но и многу повеќе од тоа – интегрираната вештачка интелигенција ја подига и креативноста на ново ниво со функциите Photo Assist, Photo Edit и Portrait Studio. На огромно задоволство на гејмерите, големиот екран на   Galaxy Z Fold6 донесува нов начин на уживање во игрите. Гејмингот на овој уред е единствено доживување благодарение на моќниот чипсет и 1,6 пати поголемата комора за празнење, што овозможува подолго уживање во игрите, без губење на перформансите. Технологијата Ray Tracing овозможува живописна графика на екранот кој нуди и подобрена осветленост до 2.600 нити.

За сите љубители на телефони со помала величина, Galaxy Z Flip6 е синоним за совршен телефон. Ќе застане и во најмалата ташничка или во предниот џеб од вашите фармерки, а неговите перформанси ќе ја однесат вашата креативност на највисоко ниво. Во овој уред всушност се среќаваат функционалноста и забавата, па така надворешниот екран FlexWindow можете да го персонализирате според вашиот стил, вкус и потреби. Фотографирање или снимање видеа со Galaxy Z Flip6 е едно искуство со многу забава, благодарение на сите можности кои системот од камери и ВИ функциите ги овозможуваат дење и ноќе. Фотографиите во Super HDR кои ќе ги направите од невозможни агли благодарение на флип механизмот, ќе бидат единствени, невообичаени и ќе го привлечат вниманието на секого.

Покрај новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6, кои патем речено се и најтенките и најлесните телефони на преклоп од Samsung изработени до сега, семејството на Galaxy се збогати и со новите паметните часовници Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7, уреди со ВИ функции кои го претставуваат врвот во грижата за личното здравје на дневна основа и општата благосостојба, како и најновите модели на слушалки Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro кои донесуваат ново ВИ комуникациско и најнапредно аудио искуство. Сите уреди од овој фантастичен Galaxy екосистем совршено комуницираат меѓу себе креирајќи единствено Galaxy искуство кое постојано го подобрува и олеснува важиот живот.

Новите телефони на преклоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6, како и паметните часовници Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 и слушалките Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro се веќе достапни во малопродажба на македонскиот пазар.

Koмерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ