сабота, 27 јули 2024

Форд мондео излетал од патот повредени се седум мигранти меѓу кои тројца малолетници

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти СВР Струмица, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран забележале патничко возило форд мондео во кое се превезувале мигранти.

„Откако го забележале полициските службеници возачот се обидел да избега, но набргу со возилото излетал од патот и го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило едно лице мигрант од Сирија, додека со телесни се здобиле шест лица мигранти од Сирија, од кои тројца малолетници, констатирани во Здравствен дом Гевгелија“, пишува во соопштението на СВР Струмица.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Валандово и се преземаат мерки за расчистување на случајот

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ