„Уште од првиот ден од објавата за Бошко, и потребата за негово лекување, jac сум во контакт со неговото семејството. Во текот на утрешниот ден треба и да оствариме средба. Бошко е врсник со мојот најстар син Никола, од сѐ срце сакам ова да е само еден лош сон и да заврши што поскоро.
Од семејната фондација ‘Никола Јанчев’ ќе бидат одвоени финансиски средства во износ од 10 000 евра со цел да започне процесот на лекување. Во наредниот период како приватно, така и преку Општина Кавадарци, ќе се организираме да се соберат и дополнителните средства кои се потребни за понатамошно лекување.
Некои работи не се така едноставни и лесно остварливи, затоа да се фокусираме на сплотеност и заедно да направиме Бошко да ужива во младоста и да продолжи понатаму“, вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.