сабота, 19 октомври 2024

Фондацијата на Сорос најавува повлекување од ЕУ и фокусирање на Западен Балкан

Објавено на

часот

Сподели

Повикувајќи се на писмото пратено до унгарските партнери минатата недела, унгарскиот сервис на Радио слободна Европа објави дека раководството на ОСФ “се реши за радикална промена на стратегијата“.

Во писмото се тврди дека институциите и владите на ЕУ трошат многу пари за исти прашања како и Отворено општество. Наместо тоа, организацијата што ја основа Џорџ Сорос ќе се фокусира на Балканот, постсовестските земји и остатокот на светот, се наведува.

Ројтерс пишува дека во интерниот имејл до вработените не се изнесени детали за начинот на кој Фондацијата ќе ги пренамени своите средства, но дека портпаролот на Фондацијата кажа дека таа ќе продолжи да ги поддржува организациите на цивилното општество низ цела Европа, вклучително и тие што работат на надворешните работи на ЕУ, како и дека ќе продолжи да ги поддржува ромските заедници во Европа.

„Фондацијата за Отворено општество го менува начинот на работење, но моето семејство и ОСФ веќе долго го поддржуваат и остануваат непоколебливо посветени на европскиот проект“, рече Алекс Сорос, претседател на Фондацијата за Отворено општество во изјавата пратена по мејл до Ројтерс.

Организацијата, која годишно доделува околу 1,5 милијарди долари низ целиот свет, ќе продолжи да ги финансира програмите во Европа, вклучително во Украина, Молдавија, Киргистан и Западен Балкан преку национални фондации, рече портпаролот на Фондацијата за отворено општество, пренесува Ројтерс.

Агенцијата додава и дека во мејлот пратен до вработените се објаснува дека одлуката значи дека хуманитарната мрежа ќе се оддалечи од работата што се однесува на внатрешните европски работи и ќе се фокусира на регионот во контекст на поголеми глобални прашања.

„Новоодобрената стратегиска насока предвидува повлекување и прекинување на голем дел од нашата моментална работа во Европска Унија, поместувајќи го нашиот фокус и алокацијата на ресурсите на други делови на светот“, се наведува во мејлот. 

„Оваа промена не е одраз на минатата работа и големиот придонес на вработените во текот на годините, туку е одлука што е свртена кон иднината, вкоренета во идните состојби да се направи значајно влијание“, се додава.

Унгарскиот сервис РСЕ исто така наведува дека и внатре во ОСФ малку се знае за деталите како што е времето на повлекување или што ќе се случи во земјите на ЕУ за кои не важи дека институциите и владите трошат значителни суми за човекови права или за прашања на различноста.

Бидејќи ОСФ треба да биде реструктуиран следната година, неговите европски програми би можеле да престанат веќе во 2024 година, се додава.

Во јуни е најавено дека 93-годишниот Сорос својата Фондација вредна 25 милијарди долари ќе му ја предаде на својот син Алекс, а во јули се претставени плановите за отпуштање на 40  отсто вработени во светот, во согласност со стратегиските промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ