Од фондацијата „Никола Јанчев“ велат дека оваа поддршка е важен поттик за понатамошен развој на МАНУ, која има клучна улога во сочувувањето на нашето уметничко и културно наследство.
МАНУ, како највисока и самостојна научна и уметничка институција во земјата, игра одлучувачка улога во следењето на состојбата во науките и уметностите и во нивното унапредување. Академијата се залага за оспособување и усовршување на научно-истражувачките и уметничките кадри, како и за заштита и афирмација на македонското културно наследство и природни ресурси.
Од друга страна пак Фондацијата „Никола Јанчев“ дејствува во решавање на важни прашања, а со својата грижа и донации придонесува за долгорочен и одржлив развој на својата заедница. Фондацијата помага онаму каде е најпотребно, а фондот се гради од донираната градоначалничка плата од страна на Митко Јанчев, како и од средствата дадени од компанијата Кожувчанка. Вкупниот износ на донацијата досега изнесува околу 5 милиони денари.
МАНУ помина низ значајна етапа од својот развој, но како и сите други институции, се соочува со големи предизвици што ги носи времето. Во наредните години, академијата ќе продолжи да работи на остварување на својата мисија и визија, со цел да даде целосен придонес во интеграцијата на македонската наука и уметност во современите европски и светски научни текови, па затоа оваа соработка е од големо и клучно значење.
„Како претседател на фондацијата ‘Никола Јанчев’ и генерален менаџер на компанијата Кожувчанка, би сакала да изразам огромна почит кон МАНУ и сите кои се дел од неа. Ме радува што fондацијата од својот локален карактер прераснува во препознавање на национално ниво, сега и преку оваа од голема важност соработка со МАНУ. Верувам дека средствата ќе бидат имплементирани за сигурни цели, кои ќе поттикнат научно-истражувачка работа и постојана грижа за зачувување на македонското уметничко и културно наследство#, изјави Јанинка Чупаркоска, претседателка на фондацијата.
Од Фондацијата „Никола Јанчев“ се надеваат дека денеска воспоставената соработка со МАНУ ќе стане постојана и плодна.