четврток, 24 октомври 2024

Фондацијата на Џорџ Клуни прогласена за непожелна во Русија

Руското обвинителство ја прогласи фондацијата на холивудскиот актер Џорџ Клуни, „Клуни-фондација за правда“, за непожелна во таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фондацијата е основана во Њујорк од актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Клуни, адвокатка од областа на меѓународното право.

„Фондацијата работи на дискредитирање на Русија. Таа активно ги поддржува лажните патриоти што избегаа од земјата, членовите на забранетите екстремистички здруженија и терористичките организации“, соопшти руското обвинителство.

Обвинителството додава дека „борците за правда“ од авенијата Медисон, криејќи се зад хуманитарните идеи, промовираат иницијативи за кривично гонење на највисокото раководство на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ