среда, 23 октомври 2024

Фондација „Ѓорѓи Марјановиќ“ и ЈУ „11 Октомври“: Соработка за подобра иднина на децата без родители

Денеска во Скопје потпишан е меморандум за соработка меѓу ЈУ детски дом „11 Октомври“ и фондацијата „Ѓорги Марјановиќ“. Активностите ќе се фокусираат на подготовката на децата без родители и родителска грижа за самостојно живеење. Меморандумот го потпишаа Розетка Влаховиќ, в.д. директор на ЈУ Детски дом „11 Октомври“ и Александар Марјановиќ, извршен директор на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.

Објавено на

часот

Сподели

Во согласност со меморандумот, Фондацијата на децата без родители, сместени во згрижувачки семејства и мали групни домови се обврзува, со помош на донации од организации и индивидуалци, да им обезбедува компјутери, курсеви за англиски јазик, обуки за компјутерски вештини, ќе им помага во подготовката за вработување и ќе реализира 1-на-1 менторска програма.

„Пресреќна сум што ја започнуваме соработката со фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ затоа што таа им дава подобра шанса за успех во животот на децата без родители. Тие, како резултат на оваа соработка ќе добиваат компјутери, обуки за англиски јазик и дигитални вештини и најважното, менторска поддршка. Накусо, тие добиваат надеж за подобра иднина, знаејќи дека на светов постојат благородни луѓе кои мислат на нив“, изјави Влаховиќ.

„Да му се помогне на дете без родители да започне самостоен живот е една од можеби најблагородните нешта во животот која некој може да ја направи. Во духот на вредностите на мојот татко, Ѓорѓи Марјановиќ, на децата ќе им помагаме со сè што е потребно за да стекнат знаења, вештини и поддршка со кои ќе дојдат до достоинствена работа. На тој начин ќе ја оствариме и нашата цел, Македонија да им стане пристојно место за живеење“, изјави Марјановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ