сабота, 27 јули 2024

Фон дер Лајен: Си Џинпинг вети дека ќе разговара со Зеленски

Објавено на

часот

Сподели

Претходно денеска медиумите објавија, повикувајќи се на француски дипломатски извор, дека Си е подготвен за телефонски разговори со Зеленски.

„Го охрабрив претседателот Си да му се обрати на претседателот Зеленски, знам од моите телефонски повици, а и претседателот Зеленски јавно го побара тоа, па беше интересно да се слушне дека претседателот Си ја повтори својата подготвеност да разговара кога ќе се погодни условите“, рече таа на конференцијата за новинарите по средбата со Си и францускиот претседател Емануел Макрон.

Си рече дека политиката на Кина кон Украина може да се сумира во една реченица – „промоција на мирот и дијалогот“, објавија кинеските државни медиуми.

Тој додаде дека приоритет е да се охрабри и поттикне прекин на огнот и крај на војната.

На состанокот со Макрон и Фон дер Лајен во Пекинг, Си рече дека односите меѓу Кина и ЕУ не се под контрола и не зависат од трета страна, објави ЦЦТВ.

Тој додаде дека Кина е подготвена да ја зајакне стратешката взаемна доверба со ЕУ.

„Кина и ЕУ треба да воспостават коректно взаемно разбирање и да избегнуваат недоразбирања и погрешни проценки“, рече Си на средбата со Фон дер Лајен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ