сабота, 21 декември 2024

Фон дер Лајен: Шестте земји партнери од Западниот Балкан ѝ припаѓаат на Европа

Во објава на платформата Икс по средбата со лидери од земјите од Западниот Балкан, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен наведе дека сите шест земји партнери од Западниот Балкан и припаѓаат на Европа. На работниот ручек присуствуваше и македонскиот премиер Христијан Мицкоски кој на фејсбук напиша дека ја повторил заложбата за остварување на стратешката цел, членство во Унијата, и напредок базиран на реални и одржливи критериуми.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е она на кое што работиме. Паралелно, ги доближуваме нивните економии и пазари до нашите со нашиот План за раст од 6 милијарди евра за регионот“, наведе Фон дер Лајен во објавата.

Глави теми на работниот ручек беа меѓусебната соработка и Планот за раст на Западниот Балкан на Европската комисија, во чии рамки е формиран Инструмент за раст и реформи, вреден шест милијарди евра, наменети за реформи и проекти поврзани со социо-економската сфера и основните права.

На работниот ручек со Фон дер Лајен присуствуваше и македонскиот премиер Христијан Мицкоски кој на фејсбук напиша дека на ручекот ја повторил заложбата за остварување на стратешката цел, членство во Унијата и напредок базиран на реални и одржливи критериуми.

„Регионот и државата е уморна од ставање на страна и пречки кои се билатерални, а не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата. Мора да се направат поголеми напори за внесување на доверба и кредибилност на целиот процес“, подвлекол Мицкоски.

На рааботниот ручек присуствуваа и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти и на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Мицкоски попладнево во Брисел ќе има средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.

Премиерот при посетата на Брисел е придружуван од министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и за европски прашања Орхан Муртезани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ