недела, 20 октомври 2024

Фон дер Лајен ги повика членките на ЕУ да воведат санкции на земјите кои ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите

Објавено на

часот

Сподели

Фон дер Лајен за време на денешната посета на Киев рече дека тие мерки, кои ќе претставуваат нов преседан за дејствување на ЕУ, треба да бидат дел од новата рунда санкции против Русија за која разговараат земјите-членки.

„Неодамна видовме зголемување на многу невообичаен проток на трговија низ Европската унија и некои трети земји. Оваа стока на крај завршува во Русија“, рече Фон дер Лајен, говорејќи пред новинарите до украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Таа не прецизираше кои земји, но претставници на ЕУ претходно изразија загриженост за протокот на стоки низ Кина и Иран.

„Ако видиме дека стоката оди од Европската унија во трети земји, а потоа завршува во Русија, би можеле да им предложиме на земјите-членки да воведат санкции за овие стоки“, рече Фон дер Лајен.

АП потсетува дека сите 27 земји-членки на Унијата мора едногласно да ги одобрат санкциите.

Фон дер Лајен додаде дека мерката што таа ја најави ќе биде преземена само како последно средство и дека ќе се користи внимателно по многу детална анализа на ризикот и по одобрувањето од земјите-членки на ЕУ, но подвлече дека не треба да има сомнеж дека Унијата работи на спречување на заобиколување на санкциите.

Кинескиот министер за надворешни работи рече дека Пекинг ќе одговори силно доколку ЕУ преземе чекори против кинеските компании кои легитимно работат во Русија.

Во изјавите по состанокот со својата германска колешка Аналена Бербок во Берлин, кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг рече дека Пекинг има закони кои забрануваат испорака на оружје во кризните региони. Истовремено, тој истакна дека не треба да се нарушува „размената и соработката меѓу кинеските и руските компании“.

„Ние сме строго против некои земји, во користењето на нивните таканаречени закони и долгата рака на нивните овластувања да воведат еднострани санкции врз други земји, вклучително и Кина“, рече Кин и додаде: „Во таков случај, ние исто така жестоко ќе реагираме и ќе ги браниме легитимните интереси на нашата земја и нашите компании“.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок нагласи дека било кои санкции нема да бидат насочени кон земји, туку кон конкретни компании кои ги снабдуваат руските производители на оружје со важни делови, вклучувајќи ги таканаречените стоки за двојна употреба.

„Ова не е насочено против некоја конкретна земја, туку конкретно против овие санкционирани стоки. Но, очекуваме сите, вклучително и Кина, соодветно да извршат притисок врз своите компании“, изјави Бербок за новинарите во Берлин.

ЕУ воведе 10 рунди санкции против Русија од почетокот на агресијата врз Украина на 24 февруари. Погодени беа банките, компаниите и пазарите, како и делови од чувствителниот енергетски сектор. Повеќе од 1.000 официјални лица се погодени со санкции кои вклучуваат замрзнување на имотот и забрани за патување во ЕУ.

Направено е многу за да се спречи искористување на „дупките во законите“, а сега за прв пат се најавени планови за таргетирање на трговијата што оди преку други земји, со исклучок на санкциите против Иран поради наводите дека испорачува беспилотни летала за Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ