сабота, 27 јули 2024

Фон дер Лаен: Украина ќе добие дополнителни 50 милиони евра за поправка на пристанишната инфраструктура

Објавено на

часот

Сподели

„Во овој потфат, можете да сметате на поддршката од Европската Унија“, им порача Фон дер Лаен на Украинците преку платформата Икс (Твитер).

Таа додаде дека ЕУ ќе продолжи да го зајакнува Фондот за солидарност и ќе ѝ обезбеди на Украина дополнителни 50 милиони евра за поправка на пристанишната инфраструктура.

„Заедно го испраќаме украинското жито во светот“, додаде таа.

Во писмото до претседателот на Украина, Володимир Зеленски, таа посочи дека подобрените капацитети ќе го забрзаат извозот на храна и други стоки што Украина ги испорачува на светскиот пазар.

„Со текот на времето, нашата инвестиција ќе им овозможи на украинските пристаништа да се вратат на предвоените нивоа“, истакна меѓу другото Фон дер Лаен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ