На мапата со сина боја се означени земјите кои му припаѓаат на Шенген зоната и со сива оние кои се надвор од неа, а Косово е вклучено во рамки на границите на Србија. Ова предизвика бурни коментари во косовските медиуми, по што постот беше избришан.
Клан Косова пишува дека по објавувањето на видеото профилот на Фон дер Лаен бил „опсипан со критики на Албанци и пријатели на Косово“. Истиот медиум пренесува реакција на германската политичарка Дорис Пак, односно дека таа ја прашува Фон дер Лаен: „А каде е државата Косово?“
„Оваа реакција, по сè изгледа, вроди со плод, бидејќи снимката на нејзиниот профил повеќе не постои“, пишува Клан Косова.