сабота, 27 јули 2024
Претседателката на ЕК во обраќањето во Стразбур

Фон дер Лаен искажа поддршка за Македонија, а препорача преговори за Бих со ЕУ

„Не е доволно само да се каже дека вратата е отворена. Ние, исто така, мора да преземеме одговорност и да го поддржиме нивниот пат кон нашата Унија на секој можен начин. Ова е причината зошто го создадовме нашиот План за раст за Западен Балкан. Затоа ги отворивме пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија и затоа се обврзавме да го сториме истото со Босна и Херцеговина“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лаен во обраќањето на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур посветена на подготовката за Самитот на Унијата закажан за 21 и 22 март.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фон дер Лаен најави дека Европската комисија ќе донесе одлука да му препорача на Советот на ЕУ да ги започне преговорите со Босна и Херцеговина, која како што рече, откако го доби кандидатскиот статус, постигнала импресивни чекори постигнувајќи поголем напредок за нешто над една година, отколку за повеќе од една деценија.

Според неа, БиХ целосно се усогласила со надворешна и безбедносната политика на ЕУ, усвоила неколку клучни закони, го подобрила управувањето со миграциските текови, се согласила во домашната кривична евиденција да ги вклучи пресудите на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија и профункционирал новиот Управен комитет за градење мир.

„Пораката што доаѓа од Босна и Херцеговина е јасна. Но, и нашата порака мора да биде јасна. Иднината на Босна и Херцеговина е во нашата Унија, истакна Фон дер Лаен.

Во своето обраќање таа главно говореше за светските теми, војната на Блискиот Исток, импликациите од Иран и поврзаноста со Хутите во Јемен, како и за политиката на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ