среда, 23 октомври 2024

Фон дер Лаен: Ги сакаме Западен Балкан и Украина во ЕУ, нема сиви зони во Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска изјави дека Европската Унија сака Западен Балкан и Украина „да влезат во европското семејство, бидејќи му припаѓаат на европското семејство“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руската агресија не е насочена само против Украина, туку и против демократијата и западните вредности, затоа секоја земја во Европа мора да одлучи дали го поддржува Путин или застанува на страната на демократијата.

„Европа е изградена на демократски вредности и претставува мировен проект што е единствен во светот. Тоа е она што Путин и другите автократи го загрозуваат. И овде луѓето разбираат дека тоа ќе влијае на нивните животи“, рече Фон дер Лаен на панелот на Конференцијата за безбедност во Минхен.

Според неа, процесот на пристапување во Европската Унија, кој во моментов постои, е исклучително важен чекор и „не може да има повеќе сиви зони“ во Европа.

„Мора да одлучите. Или сте со Путин или сте со демократиите. Или сте со автократите или ги почитувате нашите вредности. А ние сакаме, Европската Унија ги сака Украина и Западен Балкан во нашето европско семејство, бидејќи тие припаѓаат во нашето европско семејство“, рече Фон дер Лаен.

Таа рече и дека Европската Унија е силна и решена да ги брани демократијата и мирот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ