сабота, 27 јули 2024

Фон дер Лаен: Фондот на ЕУ е отворен за земјите од Западен Балкан кои ќе спроведат реформи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен денеска изјави дека една од темите на разговор на самитот на Берлинскиот процес во Тирана ќе биде економијата на Западен Балкан, кој треба да спроведе реформи за поблиску да соработува со Европската Унија.

Објавено на

часот

Сподели

„За оние кои сакаат да одат напред и да ја подобрат економијата, нашите врати се отворени“, изјави фон дер Лаен за новинарите пред почетокот на самитот.

Таа посочи дека главна тема на самитот ќе биде економијата, „која може да биде подобра на Западен Балкан“.

„Претставив план за раст кој вклучува пристап на земјите од Западен Балкан до единствениот пазар на ЕУ, но за такво нешто потребни се реформи, а оние кои се подготвени да ги спроведат ќе добијат и пристап до Инвестицискиот фонд на ЕУ“, рече Фон дер Лаен.

Таа истакна дека фактот што Берлинскиот процес се одржува за прв пат во земја од Западен Балкан испраќа „моќна порака“ за тоа колку ЕУ е посветена на проширувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ