сабота, 27 јули 2024

Фон дер Лаен: Европа не толерира агресија

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен во Гранада пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница изјави дека се испраќа порака до претседателот на Русија дека Европа не толерира агресија врз суверена држава.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е силна порака до Путин, од Даблин до Кишињев, дека не толерираме агресија врз суверена држава“, изјави Фон дер Лаен за новинарите пред конференцискиот центар каде што се одржува Самитот.

Таа рече дека Украина по трет пат ќе биде во центарот на Самитот, но и енергетиката.

Како што рече, Европа минатата година имаше енергетска криза поради руската уцена кога се во прашање фосилните горива, но сега цените паднаа и се создаде заедничка платформа за набавка на гас.

„Тоа е успех што може да се види бидејќи не се приклучија само 27 членки, туку и други европски земји како Норвешка, Молдавија, Украина и Србија“, рече Фон дер Лаен и нагласи дека зависноста на Европа од руските фосилни горива мора да се намали и дека континентот се свртува кон обновливите извори на енергија.

Таа зборуваше и за Ерменија и додаде дека тоа ќе биде друга тема и посочи дека ЕУ ја поддржува Ерменија и нејзините хуманитарни потреби, за што првично беа издвоени 5,2 милиони евра, кои подоцна се удвоија на 10,4 милиони.

Запрашана за тоа што помошта за Украина не е вклучена во одлуката за американското привремено финансирање, Фон дер Лаен рече дека е убедена дека САД ќе ѝ помогнат на Украина, но дека ЕУ ги одредила парите за Украина, бидејќи на таа земја и треба предвидливост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ