„На Украина ѝ се потребни сеопфатни безбедносни гаранции“, кои ги поддржуваат нејзините економски и воени позиции, оцени таа.
Таа истакна дека Европа мора итно „повторно да се вооружи“, а Европската комисија ќе предложи план за тоа на Европскиот совет на 6 март.
„Сега од исклучителна важност е зголемување на инвестициите во одбраната на долг период. Тоа е за безбедноста на Европската Унија, а ние мораме, во геостратегиското опкружување во кое живееме, да се подготвиме за најлошото и поради тоа да ја зајакнеме одбраната“, кажа таа.
Новинарите ја прашаа што ќе им порача на Соединетите Американски Држави.
„Спремни сме, заедно со вас, да ја браниме демократијата и принципот дека постои владеење на правото, дека не можете да извршите инвазија и да го малтретирате својот сосед, не можете да ги менувате границите со сила“, кажа таа како порака до Вашингтон.
Фон дер Лаен додаде дека Европејците мора да работат на тоа „Украина да се претвори во челично бодликаво прасе кое потенцијалните освојувачи нема да можат да го голтнат“.