вторник, 22 октомври 2024

Фон дер Лаен: ЕУ е всушност безбедносен проект

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен ја повика Европската Унија на поголема посветеност на безбедноста и надминување на претходната неспремност да ја осигури сопствената одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Руската инвазија на Украина е доказ дека блокот мора да мисли за Унијата како суштински безбедносен проект“, кажа европската лидерка зборувајќи на безбедносната конференција Глобсек во Прага.

Фон дер Лаен се заложи за европска солидарност против руските и други закани, и системска ревизија на европската одбрана, предупредувајќи дека следната половина од деценијата може да донесе „голем ризик“.

„Ако сакаме вистински мир, мораме од темел да ги преиспитаме основите на европската безбедносна архитектура. Руската инвазија ѝ го отвори очите на Европа“, оцени таа.

Шефицата на Европската комисија, која во јули доби нов петгодишен мандат, вети дека ќе именува прв полноправен комесар за одбрана на блокот, а номинациите од секоја од 27-те држави членки се во тек.

Таа ги критикуваше повиците да се прекине вооружувањето на Украина и оцени дека ни Москва ни Киев не се спремни на преговори две и пол години од почетокот на руската инвазија.

Одговорот на прашањето кога е времето за тие преговори, Фон дер Лаен кажа дека „тоа е пред сè на нашите украински пријатели“.

„Сакаме што побрзо да сопре војната. Но, мојот став е дека мирот не е само отсуство на војна. Мирот е решение кое војната ја прави невозможна и непотребна. Затоа мораме да ја доведеме Украина во состојба да може да преговара за таков мир“, кажа Фон дер Лаен.

Годинешниот безбедносен форум Глобсек се одржува во Прага, престолнината на Чешка, до 1 септември и присуствуваат политички лидери, експерти и креатори на политики.

Се разговара за критични глобални прашања како конфликтите во Украина и Газа, како и за проширувањата на НАТО и ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ