сабота, 27 јули 2024

Фон дер Лаен: Британија е на пат повторно да ѝ се придружи на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

На новинарско прашање на доделувањето на наградите Политико 28 во Брисел, дали може Британија некогаш повторно да се придружи на ЕУ, Фон дер Лаен кажа: „Морам да кажам, постојано им велам на своите деца: Морате тоа да го поправите. Згрешивме, мора да го поправите. Така што и тука мислам дека насоката на движење, според мене лично, е јасна“.

Фон дер Лаен го опиша Виндзорскиот договор за Северна Ирска, постигнат меѓу Брисел и Лондон претходно годинава, како „нов почеток за старите пријатели“. Но нејзините коментари за младите луѓе предизвикаа брза реакција на Лондон, а портпаролот на премиерот Риши Сунак не се сложува дека брегзитот е нешто што треба да се поправи.

Портпаролот кажа дека Британија има „премиер кој се залагал за брегзитот пред тоа да биде во интерес на неговата кариера бидејќи во тоа страсно верува“. Ја отфрли и идејата дека младите луѓе го водат Обединетото Кралство назад кон ЕУ, и инсистираше дека Сунак „е фокусиран на остварување на предностите на брегзитот“.

И покрај неговата изјава, анкетите доследно покажуваат дека мнозинството гласачи во Британија би поддржале повторно влегување во ЕУ ако тоа од нив се побара на референдум. Најновата анкета спроведена од Делтапол објавена на крајот на ноември покажува дека 48 отсто од населението е за повторно придружување, а 36 отсто за останување надвор.

Но отворањето на таа тема се смета за токсична во Лондон и ниедна голема политичка партија со шанси за власт не предлага повторно придружување на блокот. Опозициската Лабуристичка партија, која има уверливо водство во анкетите за следните избори, кажа дека сака поблизок однос со Унијата, но ја исклучи можноста за повторно придружување на единствениот пазар или повторно воведување на слободното движење на луѓето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ