сабота, 19 октомври 2024

Фокус и концентрација, што е тоа и како полесно да се постигне?

Објавено на

часот

Сподели

Концентрацијата, општо земено, е нашиот капацитет да го фокусираме нашето внимание на некој предмет или задача и да го завршиме сето тоа одеднаш, без прекин. Тоа е процес, кој се одвива автоматски и несвесно. Многу јасно и лесно ќе забележите кога нешто во тој процес станува тешко. Губењето на концентрацијата се изразува преку многу симптоми – од едноставно лутање на мислите преку деградација на краткотрајната меморија, па дури и т.н. мозочна магла, односно заматување на мозокот, што спречува мислата да се одвива во целост и создава чувство на оддалеченост помеѓу личноста и околниот свет. Овие состојби кои ги наведовме погоре се разликуваат по нивната сериозност; некои од нив се само досадна пречка во одредени периоди од денот, а други со текот на времето може да се претворат во навистина исцрпувачки состојби кои сериозно му наштетуваат на менталното здравје, виталните функции и генерално на квалитетот на живот. Концентрацијата е клучна компонента на меморијата – без неа ја губите ефикасноста во однос на учење, работа, читање и други слични активности кои бараат остро внимание на подолги периоди. Во отсуство на можноста за концентрација, се соочуваме со пропуштање на важните детали, носење на неповолни одлуки и се преземање на непотребни активности. Со други зборови, доколку не можете да се фокусирате, има многу пропратни потешкоти кои ќе ве забават или дури и ќе ви отежнат да функционирате оптимално.

Непријателот на концентрацијата често е презаситеноста со надворешни стимули. За добро или за лошо, во современиот свет тешко дека би можеле целосно да се оттргнеме од овие надразнувачи. Импулсот да се отвори поштата, на пример, е комбиниран со обична професионална потреба. Телевизија, Интернет, нотификациите од телефонот, бучни булевари, вести во секое време од денот, реклами, сето ова влијае на нашиот мозок и го исцрпува. А со исцрпеноста доаѓа и намалениот капацитет за концентрација и фокус. За жал оваа појава се повеќе се забележува и кај младите. Секој тинејџер добро знае за што се работи. Додека читате една страница од вашиот учебник и потоа имате необјаснив нагон да гледате во телефонот 30 секунди. Тоа е проблем со концентрацијата; мозокот едноставно не може да се фокусира, задржи на нешто долго време.

За среќа, постојат начини да се спротивставите на бучното, бурно секојдневие. Пред се, кога зборуваме за одржување на физичкото и менталното здравје, потребно е да се погрижиме за урамнотежена исхрана. На нашето тело му требаат одредени минерали и витамини за да го поддржат правилното функционирање на мозокот. Што се однесува до витамините, тоа се оние од групата Б. Можеме да ги добиеме од јајцата, особено жолчката, одредени видови сирење, како и некои овошја и зеленчуци, поточно јаболка, банани и портокали. Најважниот минерал е магнезиумот. Ќе го најдете во темно чоколадо, цели зрна, спанаќ, грав и некои видови јаткасти плодови.

о

Одделно, имаме и уште еден омилен метод за справување со секакви тегоби и здравствени проблеми, а тоа е физичката активност. Во овој случај не се работи за тренинг, туку за вежби за дишење и концентрација. Нешто слично како кога медитирате – фокусирајте се на правилното држење на телото и внимавајте на дишењето. Обидете се да ги задржите другите мисли надвор од вашата глава. Прекрстени нозе, исправен грб, длабоко дишење. Варијации на оваа вежба можете да правите и на вашето работно место. Кога се чувствувате исцрпено или напнато, тргнете се настрана десет до петнаесет секунди, затворете ги очите, ставете два прста на каротидната артерија и бројте во ритамот на пулсот. Повторно, клучниот елемент овде е да се фокусираме на оваа акција и да не дозволиме други мисли да го нарушат мисловниот процес. Додадете на ова и вежби за мозок – судоку, крстозбори, игри со меморија и игри со зборови – како и правилна шема на спиење. Спиењето често се потценува кога станува збор за будниот живот, но тој навистина е основата на нашето здравје.

Овде го споменуваме и Селеногин како добар сојузник на патот кон зајакнување на концентрацијата и грижата за мозокот. Производот е специјално формулиран со висококвалитетна гинко билоба за поддршка на мозочната активност и нервните клетки.

фОва за возврат помага во циркулацијата на крвта и ја промовира концентрацијата. Има корисен ефект врз централниот нервен систем и им помага на нервните клетки да пренесуваат информации. Гинко билоба е билка, која го подобрува помнењето, па дури и лекува состојби како што е тинитус, кои имаат особено забележливо влијание врз нашата способност да се концентрираме кога е тивко околу нас. Покрај овие компоненти, Селеногин вклучува и селен, кој обезбедува клеточна заштита и ја регулира активноста на тироидната жлезда, витамин Б5 (пантотенска киселина), кој се справува со чувството на замор, како и биотин, познат и како витамин Б7. што ја намалува анксиозноста помагајќи го метаболизмот. Селеногин е препарат кој содржи сè што му е потребно на мозокот – на едно место. Имајќи ги сите овие информации, останува да преземете чекори за да го одржите здравјето на вашиот организам и да обезбедите подобар квалитет на вашиот живот.

                                                                                                                                       Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ