сабота, 27 јули 2024
Криза во регрутирање

Фокс њуз: Младите Американци не сакаат да ѝ се приклучат на војската (ВИДЕО)

На крајот на 2023 година, американската војска имала само 452.000 активни војници, што не се случило уште од 1940-тите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вооружените сили на САД имаат сериозни тешкотии со регрутирањето, пренесува Фокс њуз, додека аналитичарот Џим Хансон го објаснува овој факт со воспитувањето на младите Американци кои уште од мали нозе се учени да ја мразат сопствената земја.

Имено, военото раководство на САД предупредува дека во 2024 година ќе има структурни промени во армијата, а медиумите шпекулираат дека ќе има значителни кратења дури и во елитните единици.

Запрашан да го коментира фактот дека американската армија на крајот на 2023 година имала само 452.000 активни војници, што не се случило од 1940-тите, уредникот на порталот „Блискоисточен форум“ и поранешен американски специјален агент Џим Хансон изјави дека е речиси невозможно да се најдат луѓе кои се способни и подготвени да ѝ служат на земјата.

„Кога се приклучив на војската, се заколнав дека ќе го поддржувам и бранам Уставот бидејќи знаев дека Америка е најголемата и најслободна земја во историјата на планетата. Но, последните неколку генерации се учени дека Америка е земја на расисти, бела супремација, мизогинисти, трансфоби и дека немаат со што да се гордеат. Зошто да волонтираш и потенцијално да си го ризикуваш животот за вакво нешто?“, истакна Хенсон.

Поранешниот специјалец додаде дека младите Американци се навикнати на тоа дека светот им должи нешто, и затоа не се подготвени да одат во војска.

Ашиш Вазирани, вршител на должноста потсекретар за персонал и подготвеност на Пентагон, пред Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом минатата недела изјави дека 77% од денешните млади нема да се квалификуваат за воена служба без некакво олеснување, а 11% нема да се квалификуваат бидејќи се со прекумерна тежина.

„Младите луѓе денес не ја отфрлаат воената служба; предизвикот е што тие дури и не размислуваат за тоа“, рече Вазирани, според транскриптот од неговата воведна изјава. „Тие не гледаат што имаме да им понудиме и да ни речат „не“. Тие едноставно не знаат многу за воената служба, а она што го знаат веројатно не е точно или целосно“.

Тој исто така истакна дека генерацијата З „нема доверба во многу институции“ од владата до медиумите и „сè помалку ги следи традиционалните патишта“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ