сабота, 27 јули 2024

Фокс њуз: Бајденовата влада ги игнорира знаците на трговија со деца

Објавено на

часот

Сподели

Се верува дека наводната трговија со деца се одвива преку необезбедената јужна граница на САД. Поткомитетот за правосудство на Претставничкиот дом за имиграциски интегритет, безбедност и спроведување на денешното сослушување ќе го процени бројот на децата без придружба што ја преминуваат јужната граница.

Тројца сведоци сведочат на рочиштето, насловено „Бајденовата погранична криза: експлоатација на деца-странци без придружба“.

Една од оние што сведочат е Тара Ли Родас, поранешна вработена и свиркач во Одделот за здравство и човечки служби (ХХС). Копија од сведочењето на Родас, која ја добил Фокс њуз, ја објаснува наводната улога на американската влада во трговијата со деца на границата.

„Денес децата ќе работат во смени по кланици, фабрики, ресторани за да си ги платат долговите кон шверцерите. Денес децата ќе бидат продавани за секс“, планира да сведочи Родас, вели Фокс њуз. „Денес децата ќе се јават на телефонска линија за да пријават дека се злоупотребувани, запоставени и дека се тргува со нив. Речиси една деценија, децата без придружба страдаат во сенка“.

Родас, цитирајќи го своето работно искуство со канцеларијата на ХХС за преселување (ОРР), според американскиот медиум, тврди дека американската влада раководи „операција за трговија со деца од големи размери, вредни повеќе милијарди долари, управувана од лоши актери, кои сакаат да профитираат од животите на децата“.

„Мислев дека ќе помогнам да се сместат децата во домови со љубов. Наместо тоа, открив дека со децата се тргува преку софистицирана мрежа, која почнува со регрутирање во нивната матична земја, шверцување до границата со САД и завршува кога ОРР ќе му предаде дете на некој спонзор – некои спонзори се криминалци и шверцери и членови на транснационални криминални организации. Некои спонзори ги гледаат децата како стока и средства што се користат за заработка – затоа сме сведоци на експлозија на трговијата со работна сила“, ќе објасни Родас.

„Без разлика дали е намерно или не, може да се тврди дека владата на САД станала посредник во операцијата за трговија со деца вредна повеќе милијарди долари, водена од лоши актери, кои сакаат да профитираат од животите на децата“.

Поранешната вработена во ХХС има намера да повика на истрага на Конгресот за федералните агенции што го надгледуваат транспортот на мигранти во САД. „Не можеме повеќе да замижуваме и да се преправаме дека ова не се случува. Конгресот има моќ да го спречи ова, затоа ве повикувам да го направите она што е правилно“.

Неодамнешните извештаи покажаа дека администрацијата на Бајден не успеала да исконтактира со речиси 100.000 деца имигранти. „Администрацијата на Бајден беше погодена од голем број извештаи дека официјалните лица не успеале да стапат во контакт со над 85.000 деца мигранти, а неодамна и дека службениците на администрацијата игнорирале знаци на ‘експлозивен’ раст на детската работна сила“, вели Фокс њуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ