Со само една победа на последните пет натпревари во Серија А, иднината на Пауло Фонсека на кормилото на Милан беше ставена под знак прашалник, но стратегот го преживеа првиот тест, „росонерите“ вечерва славеа на гостувањето кај Верона.
Херој на Милан беше Тиџани Рајндерс, кој го постигна единствениот гол на натпреварот.
По десетина минути игра во второто полувреме, Фофана го „послужи“ Холанѓанецот со фантастична топка, кој потоа од врвот на шеснаесетникот прецизно пласираше покрај стативата за 0-1.