сабота, 19 октомври 2024

Флик по победата на Барса над Рајо: Никој не е среќен, во соблекувалната има многу тага

Тренерот на Барселона, Ханси Флик вели дека никој не бил среќен по победата над Рајо Ваљекано, причина е тешката повреда на 17 годишниот Марк Барнал.

Објавено на

часот

Сподели

„Каталонците“ имаат три од три на стартот од новата сезона во Ла Лига, синоќа со пресврт во второто полувреме стигнаа до победа на гостувањето кај Рајо Ваљекано.

Дани Олмо се покажа како пресуден, летното засилување доби шанса од клупата за резерви и погоди за 1-2. Сепак, во финишот Барселона доживеа пех, 17 годишниот Марк Бернал заработи тешка повреда и со солзи во очите предвреме го заврши мечот.

„Марк Бернал заработи повреда, ќе треба да видиме колку е сериозна, но од првиот впечаток се чини дека не е добро. Победивме, но никој не е среќен. Во соблекувалната има многу тажни лица“ – вели Ханси Флик.

Првичните прогнози се дека Марк Бернал ги оштетил лигаментите на коленото и го чека пауза од најмалку 7 месеци.

Тренерот на Барса потоа упати пофални зборови за Дани Олмо, кој едвај беше регистриран вчера откако ги пропушти првите два натпревари.

„Со него на теренот имавме поголема контрола на топката, подобро комбиниравме. Беше навистинa добар. Одлично ја чуваше топката, плус постигна и гол. Тој ја направи разликата во второто полувреме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ