петок, 1 март 2024

Флауерс на Мајли Сајрус најслушана песна во 2023

„Билборд“ објави листа на 20 најслушани песни во светот во 2023 година, а првото место го зазеде песната „Flowers“ во изведба на Мајли Сајрус.

Објавено на

часот

Сподели

Спотот за оваа песна досега е прегледан 667 милиони пати, а веќе една недела по објавувањето собори рекорди. Потоа стана најслушаната песна за една недела во историјата на Спотифај со повеќе од 100 милиони стримови.

На второ место се најде песната „Calm Down“ во изведба на Рема и Селена Гомез. Потоа следи песната „Kill Bill“ која ја пее Американката Солана Имани Роу, попозната по уметничкото име СЗА.

Меѓу другите, најслушана беше песната на Том Одел – „Another Love“, која беше објавена во 2013 година.

1. Flowers – Мајли Сајрус

2. Calm down – Рема и Селена Гомез

3. Kill Bill – СЗА

4. Anti-hero – Тејлор Свифт

5.  Die for You – Д’Викенд и Аријана Гранде

6. As it was – Хари Стајлс

7. Unholy – Сем Смит и Ким Петрас

8. I’m good (Blue) – Дејвид Гета и Бебе Реџа

9. Creepin’ – Метро бумин, Д Викенд и 21 Саваж

10. Last night – Морган Вален

11. La Bebe – Инг Лукас и Песо Плума

12. Ella Baila Sola – Еслабон Армадо и Песо Плума

13. Until I found You – Стивен Санчез

14. I ain’t worried – „Уан рипаблик“

15. Save your tears – Д Викенд и Аријана Гранде

16. Antoher love – Том Одел

17. Seven – Џангкук во соработка со Лато

18. TQG – Карол Џи и Шакира

19. La Bachata – Мануел Туризо

20. Cupid – „Фифти Фифти“

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ