сабота, 27 јули 2024
Премиерлига

Фирмино во својот последен меч на Енфилд го спаси Ливерпул од пораз! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Малку фалеше Ливерпул да доживее пораз на свој терен од Астон Вила која со гол на Ремзи од 27. минута водеше со 1-0. Пет минути претходно Воткинс промаши пенал.

Ливерпул долго се мачеше да го изедначи резултатот, тоа конечно им успеа во 90. минута кога Фирмино постигна гол за конечни 1-1.

За Роберто Фирмино ова беше последен меч за Ливерпул на Енфилд, од следната сезона си заминува како слободен играч.

Манчестер јунајтед со убав гол на Касемиро во првото полувреме со 1-0 го совлада Борнмут на негов терен и дојде на бод до заверка на местото во Лигата на шампионите.

Фулам и Кристал Палас одиграа нерешено, 2-2. Двата гола за домаќините ги постигна Александар Митровиќ. Едуард и Вард ги дадоа погодоците за гостите.

Евертон со гол на Мина во 100. минута од натпреварот дојде до бод на гостувањето кај Вулвс, кој водеше од првото полувреме со погодок на Хванг Хи Чан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ