сабота, 19 октомври 2024

Фирми неправилно одгледувале канабис за медицински цели

Објавено на

часот

Сподели

Кај едното правно лице недостигале околу 40 килограми канабис од четири реколти, а констатирани се и низа неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на неколку члена од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

При претрес кај другото правно лице бил пронајден сув цвет од канабис за кој било доставено известување до комисијата, сув цвет за кој допвра ќе се достави документација до комисијата, а биле констатирани и повеќе неправилности спротивни на Законот за контрола на опојни дроги.

По целосно докумнетирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ