вторник, 28 мај 2024

Фиорентина втора година по ред ќе игра финале во Конференциската лига (ВИДЕО)

Фиорентина ќе има шанса за поправен откако одигра 1-1 на гостувањето кај Клуб Бриж и со вкупен резултат од 4-3 вторпат по ред се пласира во финалето од Конференциската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Домаќините добро го почнаа мечот и поведоа со гол на Ванакен уште во 20. минута.

Белгискиот тим долго време го држеше водството, но не успеа до крај. Во 85. минута Белтран од пенал изедначи на 1-1, што беше и конечниот резултат.

Фиорентина минатата година од Вест Хем беше поразена во финалето, сега ќе има нова шанса да го освои пехарот.

Утре Олимпијакос и Астон Вила ќе играат во второто полуфинале, грчкиот тим има предност од 4-2 по првиот меч.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ