сабота, 27 јули 2024
Серија А

Фиорентина со пресврт во самиот финиш ја победи Рома (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тоа беше дуел меѓу два од трите италијански финалисти во Европа оваа сезона, Рома водеше во најголемиот дел од мечот, Фиорентина ги освои трите бода.

Мурињо со мислите е кон финалето во среда, па за денешниот меч одмори дел од своите клучни фудбалери.

Рома поведе со гол на Ел Шарави во 11. минута. Тимот на Мурињо имаше уште неколку шанси за да дојде до поубедливо водство во првото полувреме, но не ги искористи.

Работите се променија во вториот дел, Рома тотално се повлече, а Фиорентина напаѓаше за да израмни.

Тоа се случи во 85. минута кога Јовиќ погоди за 1-1, а само три минути подоцна Иконе реализираше за комплетен пресврт и победа од 2-1.

Со овој пораз Рома и официјално ги загуби шансите за топ четири, па до место во Лигата на шампионите ќе може да дојде само доколку ја освои Лига Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ