Фиорентина игра одлично на стартот од новата сезона под водство на Паладино, вечерва забележа уште една победа, петта во низа во Серија А, или седма доколку се сметаат и натпреварите во Европа.
Нова жртва на „виолетовите“ беше Торино, натпреварот на „Олимпискиот“ стадион заврши со резултат 0-1.
Моментот на одлука се случи во 41. минута, Марипан погреши при една долга топка, а Моизе Кин ја затресе мрежата за водство на гостите.