сабота, 27 јули 2024

Финскиот претседател ја повика Европа да инвестира во производството на оружје

Финскиот претседател Саули Ниинисто ја повика Европа да инвестира во производството на оружје.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Инвестициите во производството на оружје се неопходни не само за да се обезбеди потребната помош. Ова е неопходно за силна Европа. Силна, не за да војува, туку да гарантира мир“, рече Ниинисто во обраќањето до нацијата.

Тој додаде дека од Европејците се очекува да бидат поодговорни кога станува збор за безбедноста.

„Очигледно од Европејците се очекува да преземат поголема одговорност. Јасното и брзо прифаќање на оваа одговорност е и најдобриот одговор на сите шпекулации за влијанието на американските избори врз безбедносната соработка“, рече финскиот претседател.

Според него, најважните групи за поддршка на Финска се ЕУ и нордиските земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ