„Тоа е реално“, кажа министерката Елина Валтонен за заморот на Западот. „И сè повеќе расте“.
Таа напомена и дека конфликтот на Блискиот Исток ги свртел вниманието и ресурсите, а исто така натерал многу земји да размислуваат за наоѓање решение за Украина.
„Овие два конфликти се, нормално, многу поврзани, но за нас Европејците би било важно да сфатиме дека ако ѝ дозволиме на Русија да победи во Украина, тогаш всушност го укинуваме кредибилитетот на нашето одвраќање“, оцени таа.
Валтонен кажа дека западните земји мора да ги заострат санкциите чија цел е да ѝ наштетат на руската економија, особено на растечката „сенишна флота“ на неосигурани нафтени танкери кои се користат за да се заобиколат ограничувањата на продажбата на сирова нафта.
Финска, Данска и други земји со излез на Балтичко Море се во преговори за начини за заострување на санкциите во врска со сенишната флота, но правилата за морски премини значат дека блокирање на руските бродови кои минуваат низ клучните мореузи би било спротивно на меѓународното право.
Валтонен најави дека сè повеќе бродови и поврзани субјекти ќе бидат додадени на списоците на санкции, и дека Брисел треба да ги таргетира и финансиските институции кои ги овозможуваат трансакциите.
„Тоа е навистина голема грижа, особено сега кога Балтичко Море замрзнува во зима“, кажа таа оцени дека „тоа само го зголемува ризикот од несреќи и инциденти“.