Турција беше последната од 30-те членки на сојузот што го ратификуваше членството на Финска. Претседателот Тајип Ердоган во март рече дека Финска ја обезбедила наклонетоста на Турција откако презема конкретни чекори за одржување на ветувањата за сузбивање на групите што Анкара ги смета за терористички и за ослободување на извозот на воени производи.
Финска и Шведска поднесоа барање за приклучување кон трансатлантскиот воен сојуз минатата година како одговор на руската инвазија на Украина, но процесот беше блокиран од Турција и Унгарија. Инаку, парламентите на сите членки на НАТО мора да ги ратификуваат новите членки. Турција, пак, сѐ уште го одложува одобрувањето на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.