петок, 26 јули 2024

Финска: Украина може да го користи нашето оружје за да гаѓа цели во Русија

Украина може да користи оружје обезбедено од Финска за да гаѓа цели на руска територија, изјавија високи претставници во Хелсинки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен рече дека неговата земја не поставила никакви ограничувања за тоа што Украина може да прави со оружјето што го обезбедува Финска, објави финската телевизија Иле.

„Доколку е потребно, Украина треба да нападне и воени цели на руската страна. Тоа е сосема легитимна одбранбена битка што ја води Украина. Повелбата на ОН дозволува воени цели да бидат нападнати преку копнените граници“, рече претседателот на финската парламентарна комисија за одбрана Јука Копра.

Позицијата на Финска се разликува од онаа на другите западни земји, вклучително и Германија, пишува Политико и укажува дека германскиот канцелар Олаф Шолц не ја одобрува испораката на крстосувачки ракети со долг дострел „Таурус“ во Украина, плашејќи се дека оружјето ќе се користи за да се напаѓаат цели длабоко во внатрешноста на Русија, со што и Германија ќе биде вовлечена во војната со Русија.

„Ја охрабрувам Германија сериозно да размисли за тоа“, рече Хакенен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ