Латоркаи оцени дека целта е на Унгарија да ѝ се одземе правото на глас во Европската Унија со „кампања на омраза“, бидејќи Будимпешта во декември зазема став дека е прерано за почеток на преговорите за придружување на Украина.
„Диктатурата на мислењето стигна и до ЕПП“, порача Леторкаи и ја повика ЕПП „да се врати на своите христијански корени“.
Тој кажа дека унгарската Демохристијанска народна партија (КДНП), членка на ЕПП и коалициски партнер на владејачката партија Фидес, „нема да одолговлекува“ ЕПП да се врати на основите на христијанската демократија и ги повика гласачите да ги поддржат на изборите за Европскиот парламент во јуни.
Сарвама петицијата ја нарече „историска“ и истакна дека постапки според членот 7 од Договорот за ЕУ никогаш не биле иницирани против Унгарија.
„Сега или никогаш. Машинеријата на ЕУ за носење одлуки едноставно е заглавена поради Виктор Орбан. Единствениот начин тоа да успее е на Орбан да му се ускрати правото на глас во Советот. Така покажуваме дека во ЕУ не е дозволено уценување“, кажа финскиот пратеник.