„Денеска за консултации поднесуваме предлог со цел да се забранат трансакциите со имот со руска заднина“, рече Хаканен на прес-конференција.
Ќе има исклучоци, додаде Хаканен и рече дека двојните државјани и Русите со постојан престој во Финска сепак ќе можат да купат недвижен имот во оваа нордиска земја.
Финска, која стана членка на НАТО во 2023 година, на крајот на минатата година ги затвори копнените граници со Русија.