сабота, 27 јули 2024

Финска нема да дозволи нуклеарно оружје на НАТО на нејзина територија

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа не е тема на разговор“, истакна таа за Кориере дела сера. Според Марин, сè зависи од националните одлуки на земјите, никој не може да ѝ наметне на Финска нешто што народот не го сака.

Таа е сигурна дека, откако земјата ќе влезе во НАТО, Финска ќе го зачува статусот на посредник во меѓународните процеси, што беше нејзина карактеристика додека беше неутрална. „Влегувањето на земјата во НАТО ќе претставува акт на мир, а не објава на војна“, смета Марин.

„Ние војувавме со нашите соседи (Русите) во минатото, и со нив имаме сложена историја. Го направивме овој избор, за да ја заштитиме нашата нација и нашите деца“, кажа финската премиерка.

Таа порача дека со Турција, која се противи на влегувањето на Финска и Шведска во НАТО, треба да се разговара.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ