сабота, 27 јули 2024

Финска министерка: Украина треба да ја гаѓа руската територија со западно оружје

Западните земји не треба да ја блокираат Украина да користи донирано оружје за напад на руска територија, изјави финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен за Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украина има право да напаѓа цели на страната на агресорот, доколку тие се воени цели“, рече Валтонен, говорејќи пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во чешкиот главен град.

Таа додаде дека ќе го изнесе ова за време на неформалните разговори во Прага, притоа вршејќи притисок врз сојузниците во НАТО да создадат попредвидлив тек на финансирањето за Украина.

Воената помош ја блокираа политички судири, а Украина беше принудена да чека со месеци за американскиот Конгрес да одобри пакет помош од 61 милијарда долари, што предизвика недостиг на муниција што на Русија ѝ овозможи напад.

Валтонен рече дека Москва исто така ги искористува ограничувањата наметнати од сојузниците за способноста на Украина да користи ракети и артилерија со долг дострел.

„Мислам дека е валиден аргумент дека Русија сега намерно става оружје веднаш преку границата за да спречи евентуален контранапад, па мораме да го земеме тоа во предвид“, рече таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ