сабота, 27 јули 2024

Финска ја спушта рампата за рускиот гас

Финска планира да го забрани увозот на течниот природен гас ЛНГ од Русија во 2025 година, објави финскиот весник Хелсингин саномат.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Весникот наведува дека извор на таа информација е тамошниот министер за животна средина и климатски прашања Кај Миканен.

Финската влада околу ова прашање мора да се консултира со Европската комисија и може да воведе забрана на увозот само на ограничен временски период, пишува руски Комерсант.

Финската државна енергетска компанија Гасум и понатаму купува минимални количества течен природен гас од Русија врз основа на долгорочниот договор кој не подлежи на санкциите на Европската Унија.

Во декември Советот на ЕУ и Европскиот парламент провизорно се договорија за големи ограничувања за руските доставувачи на гас.

Се очекува спомнатите ограничувања да стапат на сила на пролет, по што Финска ќе го изнесе својот предлог за забрана на рускиот гас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ