сабота, 27 јули 2024

Финска бара од ЕУ да се спречи влезот на мигранти преку Русија

Финска бара Европската Унија да најде заеднички мерки за спречување на таканаречената инструментализирана миграција, односно протокот на мигранти кои од Русија влегуваат без валидни патни исправи, кажа премиерот Петери Орпо.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Финска ја затвори својата граница со Русија минатата година за да го сопре сè поголемиот број влегувања од земји како Сирија и Сомалија, и ја обвинува Москва дека ја користи миграцијата како оружје против Финска и ЕУ, што Кремљ го негира.

Мигрантите продолжуваат да пристигнуваат, а финската влада поднела предлог до парламентот за да се овласти граничната контрола за враќање на барателите на азил кои се обидуваат да влезат од Русија.

„Мораме нашата национална безбедност и безбедноста на земјите од ЕУ да ја ставиме на прво место. Многу сме свесни за својата одговорност за контрола на надворешната граница на Европската Унија“, кажа Орпо на прес конференција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ