сабота, 27 јули 2024

Финер почна да ги мери патниците пред влегување во авион

Европскиот авиопревозник Финер на аеродромот во Хелсинки ги мери патниците на излезот за лет, но само оние кои се доволно храбри да се согласат на тоа за авиопревозникот да може да направи подобра проценка на тежината на авионот пред полетувањето.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

А во сценариото од кошмарите за секој кој се обидел безгрижно да внесе претешка торба во авион патниците се мерат заедно со својот рачен багаж.

За среќа, мерењето не е поврзано со поединечните резервации или податоци за патниците. Сè е анонимно, кажа за Си-ен-ен Пајвит Талквист, претседателка на Финер за комуникации, додавајќи дека само член на персоналот на гејтот ја гледа тежината.

Истражувањето почнало во понеделникот, а до вчера веќе учествувале 800 доброволци, кажа Талквист. Авионската компанија била „позитивно изненадена од бројот на доброволци“.

„Корисниците на Финер ги известивме за мерењето преку социјалните мрежи и нашата мобилна апликација, а првите волонтери се јавија и пред опремата да биде поставена“, кажа таа.

Финер собира податоци и за зимската и за летната сезона бидејќи патниците носат потешка облека и капути за време на студените фински зими. Зимските мерења ќе бидат завршени во февруари, а летните од април до мај.

Талквист изјави дека авиопревозникот ги споредува податоците за просечната тежина на патниците и нивниот рачен багаж „со цел проценка на рамнотежата на авионот и перформансите потребни за безбедно спроведување на летовите“.

И додека многу патници би сакале својата тежина да ја држат во тајност, Сату Мунука, шефот на земјените процеси на Финер, ги уверува нервозните патници дека „собраните податоци на никој начин не се поврзани со личните податоци на корисниците“.

„Ја бележиме вкупната тежина и податоците за патникот и неговиот рачен багаж, но без име или број на резервација“, кажа Мунука. „Само агентот на службата за корисници кој работи на местото на мерењето може да ја види вкупната тежина, така што можете безгрижно да учествувате во истражувањето“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ