сабота, 27 јули 2024

Финансиска полиција влезе во М-НАВ, врши увид во работењето на друштвото

Управата за финансиска полиција во моментов врши проверки во Македонски навигации (М-НАВ) по последните обвинувања од Синдикатот на контролори на летање за сомнително спроведување на тендери.

Објавено на

часот

Сподели

Контролата и увидот во работењето на М-НАВ, како што информираа оттаму, ги прават врз основа на направениот извештај без при тоа да прецизираат за каков извештај станува збор.

На прес конференцијата одржана на 4 јануари годинава, неколку часа пред насилниот упад во М-НАВ, прашан зошто на својот фејсбук профил го повика Јавното обвинителство и дали ќе предаде докази до Финансиската полиција за своите сомнежи за криминал, претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски посочи пример кога требало да се гради зграда за потребите на М-НАВ но наместо тоа била реновирана гаража од 280 метри квадратни за која било платено 400.000 евра.

„Ако ова не е доволна причина институциите да почнат да истражуваат тогаш тоа е сериозен проблем, да се прават слепи и глуви за работи кои веќе ѝ се познати на јавноста“, рече тогаш Тасевски.

Во врска со упадот во М-НАВ се осомничени осум лица меѓу кои и Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ.

На денешната седница Владата, како што е најавено, треба да донесе одлуки врзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои и разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење, откако минатата недела осум лица упаднаа во канцелариите на Македонска навигација на аеродромот во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ