петок, 26 јули 2024

Финалето од Лигата на шампиони во 2026 ќе се игра на Пушкаш Арена во Будимпешта

Извршниот комитет на УЕФА денеска донесе одлуки за градови домаќини на финалните дуел во 2026 и 2027 година.

Објавено на

часот

Сподели

Финалето од Лигата на шампионите во 2026 година ќе се игра во Будимпешта на Пушкаш Арена.

Во 2027 година треба да се игра во Милано, но одлуката е суспендирана до септември до кога Фудбалската федерација на Италија треба да ги достави плановите за реновирање на Сан Сиро. Тогаш ќе биде потврдено дали Милано или друг ќе биде домаќин.

Финалето во 2026 година од Лига Европа ќе се игра во Истанбул на Бешикташ Парк, а во 2027 во Франкфурт.

Конференциската лига во 2026 година ќе се игра во Лајпциг на Ред Бул Арена, а во 2027 во Истанбул на Бешикташ Парк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ