сабота, 27 јули 2024

Филозофското друштво распиша конкурс за доделување на награди „Константин Философ“ за 2023 година

Објавено на

часот

Сподели

 Наградата за животно дело се доделува за вкупниот опус на филозоф во филозофското творештво, филозофското образование, како и за афирмацијата на филозофијата во земјата и во странство. Наградата за филозофска книга на годината се доделува за оригинален и значаен труд од областа на филозофијата. Наградата се доделува за книга, објавена во текот на календарската 2023 година. Наградата за млад филозофски истражувач се доделува за истакнат творечки придонес на филозоф до триесет и пет (35) годишна возраст. На Конкурсот се доделуваат три награди, по една во секоја категорија. ФДМ на добитниците на наградите ќе им додели соодветни дипломи“, информираа од ФДМ.

Кандидати за наградите „Константин Философ“ треба се државјани на Република Македонија. Предлози за доделување на наградите може да поднесе секој полнолетен граѓанин, групи или здруженија на граѓани, или институции што се занимаваат со образовна, научна и истражувачка дејност. Предлогот за кандидатот треба да содржи образложена пријава и релевантна био-библиографија (освен за наградата за филозофска книга на годината). За наградата „Константин Философ“ за филозофска книга на годината (за 2023 година) потребно е да се испрати еден примерок од делото на горенаведената адреса, и/или финална пдф. верзија од делото на посочената електронска адреса.

Крајниот рок за доставување на предлозите е 1 октомври 2023 година (за наградата за животно дело и за млад филозофски истражувач), односно 15 јануари 2024 год. (за наградата за филозофска книга на годината).

Одлуките за добитниците на наградите ќе бидат објавени на 6 ноември (за наградата за животно дело и за млад филозофски истражувач) и 1 март 2024 год. (за наградата за филозофска книга на годината). Свеченото доделувањето на наградите ќе се изврши на 16 ноември 2023 година, на одбележувањето на Светскиот ден на филозофијата (за наградата за животно дело и за млад филозофски истражувач) и на 10 март 2024 година, денот на Филозофското друштво на Македонија (за наградата за филозофска книга на годината)“, информираат ФДМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ